Фудбалерите на Рајо Ваљекано славеа со 3-1 во дуелот против Осасуна во петтото коло на Ла Лига.
Гостинската екипа успеа да поведе преку Гарсија во првиот половина час и имаше предност на одмор. На стартот на продолжението страшно голчиште постигна Абдул Мумин. Тој практично од мртов агол биеше и погоди во гостинската мрежа за 1-1.
Abdul Mumin what a golazoooooo!
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 16, 2024
Super strong and equalizes!
Rayo Vallecano 1-1 Osasunapic.twitter.com/KmKwrNDEvS
Подоцна победата ја обезбедија Ратиу со погодок во 66. минута и Лопез во петтата дополнителна минута.
Ново деби во Ла Лига имаше Хамес Родригез. Колумбискиот офанзивец заигра првпат за Рајо Ваљекано, откако влезе во 86. минута. На стадионот во Ваљекас тој доби овации од публиката.
Empezó la era James Rodríguez en Rayo Vallecano.
— Lucas Cardenas Utrilla (@LucasCardenasU) September 16, 2024
MEGA OVACIÓN al entrar 😎🇨🇴 pic.twitter.com/MRLLnKmh4v
Во својата кариера Хамес настапуваше за Порто, Монако, Реал Мадрид, Баерн Минхен и Олимпијакос во Европа, како и Енвигадо, Банфилд, Ал-Рајан и Сао Пауло низ светот.