Алекс Телеш, кој до пред неколку недели дешеле соблекувална со Кристијано Роналдо во Ал Наср, вели дека во Саудиска Арабија во соблекувална никако не смееш да бидеш гол.
Изминативе години, многу фудбалери ја напуштија Европа и се преселија во Саудиска Арабија, примамливи им се милионите кои им се нудат.
Сепак, има многу културни разлики помеѓу двете средини, Алекс Телеш открива дека во Саудиска Арабија во соблекувална никако не смееш да бидеш гол.
„Во Саудиска Арабија, тушевите се одвоени, затворени. Дури и кога се пресоблекувате, моате да користите пешкир“ – вели левиот бек, кој пред неколку недели го напушти Ал Наср и се врати во Бразил.
„Кога првиот пат излегов од туширање, и се однесував нормално… веднаш ми пријде човек и ми рече, „не го прави тоа, момците тука не го сакаат ова, мораш да имаш пешкир на тебе во секое време““.