Откако си ја обезбеди иднината во Милан, Донарума со приватен авион заминува за Ибица наместо да полага матура

by
1 минути читање

Вчера во доцните
вечерни часови пристигнаа информации дека Милан и Џиџо Донарума си подале рака
за нов пет годишен договор и плата од 6 милиони евра по сезона.

Па по долгите и
напорни преговори, голманот решил да земе малку одмор.

АНСА пренесува
дека Џиџо Донарума утре требал да полага матура, но училиштето му е во втор
план, и тој со приватен авион ќе замине на Ибица.

Италијанецот веќе
еднаш ги одложи завршните испити поради настапот со „Аѕурите“ на Европското
првенство во Полска.

Во меѓувреме, неколку
медиуми објавија дека Мино Рајола се уште не се откажува од намерата да го
однесе Џиџо Донарума во ПСЖ или Реал Мадрид, и агентот не сака да биде потпишан
новиот договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×