Ибора ги засили редовите на Лестер

by
0 минути читање

29 годишниот
фудбалер од средниот ред, Висенте Ибора е нов играч на премиерлигашот Лестер,
трансферот доби потврда и од неговиот веќе екс клуб, Севилја.

Ибора за Севилја играше
четири сезони (2013-17), бележејќи 113 настапи за овој клуб, притоа постигна и
24 погодоци. Искусниот фудбалер во меѓувреме беше и капитен на тимот од „Рамон
Санчез“.

Според
информациите кои ги објавуваат дел од шпанските медиуми, Лестер на Севилја ќе и
исплати околу 12 милиони евра обештетување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×