166
Александре Лаказет наводно веќе пристигнал во Лондон каде во
наредните неколку часа ќе треба да ги мине медицинските прегледи за да потпише
договор со Арсенал.
Извори за „БиБиСи“ потврдуваат дека Лаказет бил забележан во
тренинг кампот на Арсенал и дека во текот на денот ќе бидат познати сите детали
околу најавениот трансфер за кој Арсенал на Лион ќе му исплати обештетување од околу 53
милиони евра.
Арсенал одамна немал преоден рок во кој ќе успее да донесе
две фудбалски ѕвезди, големи се шансите тоа да биде сега со оглед на тоа дека
силни се шпекулациите за потпис со Лаказет и Марез.
Како останати опции за Венгер ова лето се споменуваат и двајца фудбалери на Спортинг од Лисабон.