Бернардески и вели збогум на Фиорентина, Јувентус веќе ја подготви понудата за него

by
1 минути читање

„Тутоспорт“ денес
известува дека 23 годишниот фудбалер од средниот ред на Фиорентина, Федерико
Бернардески веќе ја донел конечната одлука околу својата иднина, наводно го
известил својот агент дека сака да си замине од Фиренца, по што во текот на
денов следи средба со раководството на клубот.

Наводно Џузепе
Бозо, агентот на Бернардески ќе им ја пренесе конечната одлука на својот фудбалер
дека тој не сака нов договор со клубот, неофицијално се шпекулира дека
Фиорентина му нуди продолжување на соработката и воедно годишна плата од 2.7
милиони евра.

Медиумите во
Италија пренесуваат дека Јувентус е подготвен да издвои 40 милиони евра плус
бонуси да го доведе Бернардески во своите редови ова лето, сумата е одлична за
Фиорентина, клубот од Фиренца има одлична позиција во преговорите за својот
фудбалер од причина што неговиот актуелен договор истекува во 2019. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани