Диего Коста му се одмаздува на Конте, ќе замине од Челси само тој кога сака

by
1 минути читање

Челси долго време се обидува да го врати Лукаку, но трансферот се уште не е реализиран, а тоа го фрустрира Конте.

Се верува дека раководството сака да го продаде Диего Коста пред да го ангажира Ромалу Лукаку, и тука настанува проблем.

Според „Мирор“, Диего Коста намерно не сака да замине веднаш, сака да му прави проблеми на Антонио Конте кој по крајот на сезоната преку смс порака го извести шпанскиот репрезентативец дека нема веќе да смета на него.

Диего Коста ги одбива понудите од Кина, сака враќање во Атлетико Мадрид каде ќе може да почне да настапува дури во јануари, па напаѓачот нема потреба да брза со трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани