За да го задржи Донарума, Милан богато ќе го плаќа и брат му

by
1 минути читање

Последните информации од Италија велат дека Донарума и Милан постигнале согласност за нов пет годишен договор кој наскоро и официјално ќе биде објавен.

Италијанските медиуми објавуваат дека во преговорите, Џиџо издејствувал и враќање на неговиот брат во Милан, Антонио Донарума кој потекнува од школата на „росонерите“ но никогаш немал настап за сениорскиот тим.

Антонио Донарума има 26 години и во минатата сезона бранеше за грчкиот клуб, Астерас Триполис.

Постариот Донарума ќе ја грее клупата на Милан, ќе биде втор или трет голман на тимот а неговата годишна плата ќе изнесува милион евра, сума која е далеку поголема од неговите актуелни примања во грчкиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани