Гвардиола иронично: Првпат се сложувам со него и се надевам последен пат!

by riste
1 минути читање

Претседателот на Ла Лига, Тебас се замеша во проблемите на Премиерлигата, конкретно на ситуацијата на Манчестер Сити со обвиненијата за прекршување на финансискиот фер-плеј, следуваше одговор од Пеп Гвардиола.

„Зборував со многу Премиерлигашки клубови и најголемиот дел од нив сфаќаат дека Манчестер Сити треба да биде казнет“, рече Тебас.

Одговорот од Пеп Гвардиола стигна брзо.

„Можеби е во право. Сигурен сум дека останатите клубови во Премиерлигата сакаат да бидеме казнети, што се однесува до тоа Тебас е во право, првпат се согласувам со него, се надевам и последен пат. Затоа велам дека г-дин Тебас и тимовите од Премиерлигата треба да чекаат, да видат каква одлука ќе биде донесена. Не знам дали тој е адвокат, или сите Премиерлигашки клубови се адвокати, па знаат што ќе се случи. Претходно имавме спор и кај УЕФА, па видовте што се случи. Ние сметаме дека не сме виновни, одиме на независниот панел и ќе ја чекаме одлуката“, вели Гвардиола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани