69
Бразилецот е прва желба на Масимо Алегри за засилување на офанзивата, и шампионот на Италија е подготвен да одвои 40 милиони евра.
Но Баерн Минхен бара 50 милиони евра, и очигледно „Баварците“ немаат намера да дадат попуст и покрај тоа што често се шпекулираше дека двата клуба ќе пронајдат компромис.
„Ако некој ја плати сумата која ја бара Карл Хајнц Румениге, тогаш Даглас Коста ќе ја промени средината“ – вели првиот човек на клубот, Ули Хенес.
Јувентус има и друи опции на кој веќе работи, алтернатива за Даглас Коста е Федерико Бернардески од Фиореинтина.