Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Анхел Ди Марија вели дека Луј ван Гал е најлошиот тренер кој го имал и никогаш нема да престане да го кажува тоа.
Анхел Ди Марија се пресели на Олд Трафорд во 2014 година во тогаш рекорден трансфер за Англија вреден околу 75 милиони евра.
Сепак, авантурата на Аргентинецот во Манчестер јунајтед траеше само 12 месеци, напаѓачот за ова секогаш прстот го вперуваше во Луј ван Гал.
И по 10 години од овој трансфер, Анхел Ди Марија очигледно се нема помирено со целата ситуација.
„Ван Гал е најлошиот тренер кој сум го имал, и никогаш нема да престанам да го кажувам тоа“ – вели напаѓачот.
Двајцата имаа дуел во 2022, на Светското првенство во Катар.
„Ги победивме на пенали, иако Ван Гал цело време велеше дека тие ќе победеле бидејќи тој знаел се“.
„Епа сега зборовите може да си ги пикне во… ајде да бидам покултурен и ќе кажам дека му се удрија од глава“.