Заборавија дека играат за ист клуб, Видал го зграпчи за врат Кимих (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Пресметката
помеѓу Германија и Чиле во Санкт Петербург донесе голема борба на теренот и
неколку мешаници.

Во една таква
ситуација главни актери беа клупските колеги од Баерн Минхен, Артуро Видал и
Џошуа Кимих.

Десниот бек
најпрво се спречка со голманот Браво, па „воинот“ Артуро Видал се замеша и го
зграпчи за врат соиграчот од Баерн.

Набрзо притрчаа
уште неколку други играчи кои ги раздвоија Видал и Кимих, а судијата ја реши
целата ситуација со жолт картон за двајцата фудбалери.

„Тој само беше
нервозен бидејќи губеа со 1-0
– рече Кимих по крајот на натпреварот.

„Најважно е тоа
што титулата ја освои Германија
.

втора.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани