75
Без својата прва
ѕвезда Кристијано Роналдо, Португалија го доби натпреварот со Мексико за
третото место на Купот на Конфедерации.
Актуелниот
европски шампион беше на прагот да му го подари натпреварот на противникот, но
Пепе и Адриен Силва донесоа славје.
Андре Силва не
искористи пенал во првиот дел, а на стартот од второто полувреме Нето си ја
затресе сопствената мрежа.
Но Пепе во стилот
на Серхио Рамос изедначи во 91. минута и го однесе натпреварот во продолженија.
Таму, Адриен Силва погоди од пенал за 2-1 и трето место на Португалија на Купот
на Конфедерации.