Срамен потег на Чилеанец, голманот се повреди – а тој си даде гол (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Чиле загубија дома од Боливија (1-2) во квалификациите за Светскоот првенство.

Единствениот гол Чилеанците го постигнаа во 39. минута, меѓутоа истиот наите на сериозна осуда.

Имено, при една вратена топка голманот Лампе падна на тревата и сигнализираше повреда. Тоа не му беше грижа на Едуардо Варгас кој ја зеде топката, дотрча до празниот гол и погоди за 1-1.

Се испостави дека повредата на Лампе е посериозна, веројатно тој ја скина Ахиловата тетива, а Чилеанецот безгрижно си постигна гол. Тоа ги налути Боливијците кои тргнаа да бараат правда со Варгас, но на крајот дојдоа до победата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани