Венгер ја изедначи пондата на Атлетико, Арсенал добива нов напаѓач

by
1 минути читање

Александре
Лаказет беше на пат за Мадрид, Атлетико и Лион се имаа договорено за трансфер
вреден 53 милиони евра, плус додатни 12 милиони во бонуси, но зделката пропадна
откако на сила остана забраната за трансфери на „Колчонероси“.

Арсенал го
искористи ваквиот развој на настаните и минатата недела достави понуда.

Лион го одоби
предлогот, но „Топчиите“ се вратија со нова побогата понуда.

Според Телефут, Арсен
Венгер ја издначил понудата на Атлетико, и Лион на маса сега има 53 милиони
евра, плус уште неколку милиони во бунуси.

Некои извештаи
дури велат дека Александре Лаказет отпатувал за Лондон и во скоро време ќе
пристигне официјална потврда.

За ваквите стории
на Твитер се огласи првиот човек на Лион, Жан Мишел Ола кој напиша: „Лажни се
информациите за прогрес во преговорите за трансфер на Лаказет, тој не е во
Лондон. Првата понуда изнесуваше 45 милиони евра!

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани