186
Аргентинскиот голман, Емилијано Мартинез е познат по своите контроверзни испади, таков имаше и ноќеска по мечот против Колумбија.
Аргентина загуби на гостувањето кај Колумбија со 2-1, па Мартинез очигледно беше нерасположен по мечот, но голманот ги помина границите.
На патот му се најде еден камерман кој снимаше, Мартинез нервозен ја удри камерата покажувајќи го својот очај.