Маик Бартел ја
разбранува фудбалската јавност кога во разговор со Кикер истакна дека неговиот
клиент е разочаран поради тоа што соиграчите од Баерн не му помогнале доволно
за да стане прв стрелец во Бундеслигата.
Потоа се
појавија и стории за трансфер на Роберт Левандовски во Премиерлигата, извештаите
велеа дека Челси и Манчестер јунајтед веќе разговарале со Полјакот.
Но Баерн Минхен веднаш порача дека напаѓачот не е на продажба, а сега и Карло Анчелоти му одржа
лекција на агентот.
„Левандовски мене
никогаш не ми се пожалил” – вели Италијанецот на стартот од подготовките за новата сезона.
„Бев задоволен од
она што го прикажа Левандовски а и тој беше задоволен од нас”.
„Како и секогаш,
има агенти кои зборуваат премногу. Не знам зошто тоа е така”.
„Не е прв пат
агент да искористи некој весник за да каже нешто погрешно”.
„Во перфектен
свет, агентите не зборуваат!”