Поранешниот капитен на Атлетик Билбао, Икер Муниаин имал огромна желба да ја искуси пасијата на аргентинскиот фудбал па одби побогати понуди од Саудиска Арабија за да се пресели во Сан Лоренцо.
Саудиска Арабија нуди плати како никој друг, па многу фудбалери се решија да ја напуштат Европа и да се преселат на Блискиот исток.
Но не сите се летаат по милионите на Арапите, поранешниот капитен на Атлетик Билбао, Икер Муниаин се реши за авантура во Аргентина.
Офанзивниот фудбалер толку многу сакал да ја искуси пасијата на аргентискиот фудбал, па одбил неколку побогати понуди и го чекал правиот предлог.
Откако му пропадна трансферот во Ривер Плата, Икер Муниаин се пресели во Сан Лоренцо, каде вчера беше промовиран како ново засилување и наскоро ќе дебитира.
Потегот да ја одбере Аргентина наместо Саудиска Арабија ќе значи нешто над 3 милиони евра помалку на сметката, но одредени сонови немаат цена.