Од таборот на Астон Вила откриваат дека изминатово лето околу 40 клубови пројавиле интерес за Јон Дуран, но тие го задржале напаѓачот бидејќи тој има потенцијал да стане еден од најдобрите.
Во летниот преоден рок, често имаше гласини за интерес на Челси и Вест Хем за услугите на Јон Дуран од Астон Вила, но еден ваков трансфер никогаш не се реализираше.
Директорите на Астон Вила сега откриваат дека интересот бил огромен, околу 40 клубови се обиделе да го ангажираат напаѓачот.
Сепак, тие не сакале по секоја цена да се разделат со Колумбиецот, веруваат дека тој има потенцијал да стане еден од најдобрите.
„Во секој тим има две позиции кои се многу специфички – голман и напаѓач. Доколку имате одличен голман, вториот голман може да биде добар колку сака, но тешко е да добие шанса помеѓу стативите“ – вели директорот за фудбалски операции Дамиен Видагани.
„И доколку го имате Оли Воткинс во напдот, тешко е да најдете некој подобар од него, би рекол дека тој е во топ 3 напаѓачи во Премиерлигата“.
„Оли е голем професионалец и напаѓач од висока класа. Па сосема нормално е тоа што Дуран посака да замине, сака поголема минутажа. Имаше дури 40 клубови кои пројавија интерес, сите го сакаа“.
„Јон Дуран е 20 годишно момче со огромен потенцијал, може да биде еден од најдобрите напаѓачи во светот и затоа го задржавме. Унаи Емери му дава повеќе минути, тој тренира добро и среќен е тука“.
Мончи, кој има улога на претседател за фудбалски операции во Астон Вила, додава: „Унаи има големи очекувања од Дуран, смета дека може да стане еден од најдобрите напаѓачи во светот и тоа во следните 12 месеци“.
„Проблем е тоа што го имаме Воткинс и Дуран сака да игра повеќе, смета дека е подобар од Воткинс. Тоа е нормално, секој играч смета дека е подобар од своите соиграчи“.
„Не е лесно да се менаџира ситуацијата, но на крајот од денот, тоа е најдобро за тимот. Подобро е да имате двајца големи напаѓачи, отколку да имате само еден“.