Maкедонската фудбалска репрезентација по дебаклот од 5:0 во Алмере против Холандија денеска славеше победа против Гибралтар и така ја оправда фаворитската улога која ја имаше и пред почетокот на натпреварот.
Во денешниот натпревар, Македонија беше подобар противник од почетокот до крајот на натпреварот, а двата гола за победа ги постигнавме во првото полувреме.
Прво Ване Крстевски на асистенција на Фитон Адеми во 24. минута го отвори резултатот, а пред крајот на првиот дел Адеми и се запиша во листата на стрелци за 2:0. Резултат кој се покажа и како конечен.
Продолжи Македонија да биде подобар противник и во вториот дел, меѓутоа мрежата на домаќините не се затресе и третпат. Гибралтар во 84. минута остана и со играч помалку откако Перера заработи црвен картон.
Следниот натпревар за избраниците на Канатларовски ќе биде во октомври кога ќе играме против Молдавија.