113
Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешени 1-1 на гостувањето кај Фарски Острови во првото коло од Лигата на нациите.
Овој разочарувачки резултат е лош старт на циклусот натпревари, а Македонија има за што да жали по мечот во Торшавн. Две големи промашувања имаа нашите фудбалери, едното во првото полувреме на Дарко Чурлинов, а второто на Лирим Ќамили. Крилото на Јагиелонија го издрибла голманот и во финишот на првиот дел биеше во блокот пред линијата.
Освен него, во второто полувреме поголемо беше промашувањето на напаѓачот Ќамили. Тој доби сервирана топка од Бојан Миовски, ја прими и од петерецот биеше високо над голот…