Газдата на Челси е суеверен и има малерозен број, па повлекол бизарен потег на трансфер пазарот

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пренесуваат за бизарен потег на газдата на Челси на трансфер пазарот, понудил повеќе пари само за зделката да не биде малерозниот број 13.

Тод Боли откако го наследни Роман Абрамович како сопственик на Челси, се расфрла со пари и троши како никој друг претходно.

Бизнисменот од САД често добива замерки за трансфер политиката и тоа што „сините“ имаат огромен број на фудбалери во составот.

Медиумите од „островото“ сега пренесуваат за бизарен потег кој бил повлечен првото лето. Тот Боли стапил во контакт со агент и се распрашувал за играч кој требал да направи трансфер вреден 12 милиони фунти во друг клуб од Премиерлигата.

Газдата на Челси го известил агентот дека тие ќе платат повеќе, но не сакал тоа да биде малерозниот број 13, па ја покачил цената за 2 милиони евра.

Во моментов нема информации за кој фудбалер била испратена понудата, и дали трансферот воопшто се реализирал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани