Неверојатна грешка на норвешката допинг агенција која го повикала Халанд и уште неколку играчи на допинг тестирање заедно со двајца мртви фудбалери.
Актуелните норвешки репрезентативци, Халанд, Ларсен, Нуси и Боб биле повикани на допинг тестирање, но покрај нив на списокот биле и Ејнар Гундерсен и Јирген Јуве, двајцата фудбалери се починати, едниот во 1962 година, а другиот во 1983 година.
Селекторот на Норвешка, Стале Стобакен вели дека биле шокирани од ваката ситуација.
„Сите се запрашавме што се случи. Беше сериозна ситуација, па веднаш се јавивме во агенцијата и ги прашавме дали се сериозни или се работи за скриена камера. Најверојатно ја погледнале листата на најдобри стрелци на сите времиња при правењето на нивниот избор. Малку доцна ги повикаа Гундерсен и Јуве, мислам дека нивните тестови дефинитивно ќе бидат негативни“, изјави Стобакен.