По Осимен, Галатасарај сака да ангажира уште едно звучно име

by bojan
1 минути читање
Осимен

Галатасарај работи на неколку зделки, покрај Виктор Осимен од Наполи, се обидува да го ангажира и Адриен Рабио, кој е слободен играч.

Попладнево пристигна информација за договор помеѓу Наполи и Галатасарај за преселба на Виктор Осимен во Истанбул.

Шампионот на Турција ќе го добие напаѓачот на позајмица за која нема да плати ништо, но затоа пак во целост ќе ја покрие неговата висока плата од 9-10 милиони евра.

Галатасарај нема да застане тука, се шпекулира дека клубот работи на уште неколку зделки и една опција е ангажман на Адриен Рабио.

Французинот е слободен играч откако му заврши договорот со Јувентус, и цело лето чека примамлива понуда.

Останува да се види што ќе одлучи Адриен Рабио, но првите информации велат дека фудбалерот не е премногу желен за преселба во Турција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани