Голем број на извори пренесуваат дека Наполи прифатил да ги испрати Виктор Осимен на позајмица во Галатасарај, делегација на шампионот на Турција ќе пристигне на југот на Италија во намера да го убеди напаѓачот.
Наполи очајно се обидуваше да го продаде Виктор Осимен во петокот, но прво пропадна зделката со Ал Ахли, а потоа и зделката со Челси.
Постоеше ризик напаѓачот да дреме на клупа или трибини, но Аурелио Де Лаурентис и неговите соработници најдоа начин како да се откачат од Виктор Осимен, или поточно неговата висока плата.
„Наполитанците“ прифатиле понуда од Галатасарај за позајмица без опција или обврска за перманентен трансфер, клубот од Истанбул само ќе ја покрие целата плата на играчот, односно 9-10 милиони евра.
Делегација на шампионот на Турција ќе пристигне на југот на Италија во намера да го убеди Виктор Осимен и да добие зелено светло за комплетирање на зделката.