Фудбалерот на Бетис, Пабло Форналс го зачуди новинарите со својот брутален одговор на прашањето дали Килијан Мбапе е незапирлив.
Килијан Мбапе конечно го постигна својот деби гол во Ла Лига, синоќа ја затресе мрежата на Бетис откако Валверде маестрално со пета го уфрли во шанса. Французинот кратко потоа и по втор пат се запиша во листата на стрелци, погоди од пенал и ја потврди победата на Реал Мадрид против Бетис.
По крајот на натпреварот, Пабло Форналс беше запрашан што мисли за Килијан Мбапе и дали напаѓачот е незапирлив, а фудбалерот на Бетис ги изненади новинарите со својот брутален одгвор.
"¿Mbappé imparable? Si lo fuera habría marcado el primer día".
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) September 1, 2024
Pablo Fornals, cansado de las preguntas sobre Kylian. pic.twitter.com/zW2wqQH4yY
„Ако беше незапирлив, ќе постигнеше гол уште во првото коло! Секако дека се работи голем фудбалер, со него во тимот, Реал Мадрид го има еден од најдобрите состави во светот, и затоа го донесоа… да постигнува голови“ – рече Пабло Форналс.
Друг новинар потоа се замеша и посочи дека Килијан Мбапе погодил во првиот натпревар, во Суперкупот на Европа, а Пабло Форналс со насмевка на лицето рече: „Браво“ па ги праша новинарите, „Ќе ме прашате нешто за Бетис, или само за Мбапе?“