Брера Струмица преку официјално соопштение објави дека се раздели со тренерот Бојан Круљ по трите порази во низа во Првата македонска фудбалска низа.
По неуспехот на теренот на шампионот Струга, струмичани спогодбено го раскинаа договорот со српскиот тренер кој беше шеф на стручниот штаб. Освен Круљ, од Струмица си заминуваат и неговите помошници Милош Поповиќ и Душан Дошљак.
Генералниот директор на Брера, Ване Стојанов, се обрати на јавноста и му се заблагодари на Србинот за неговата работа.
„Сакам да му се заблагодарам на Бојан Круљ со неговите помошници за посветената работа во изминатиот период. Одлуката е заедничка, во интерес на клубот за наредниот период. Јавноста наскоро ќе биде информирана околу изборот на новиот тренер. Ни следува репрезентативна пауза која ќе ја искористиме за максимална подготовка на првиот тим за следните мечеви од оваа сезона”, изјави Стојанов.
По четири кола Брера има само една победа над Вардар во првата рунда, како и три порази.