Тео Ернандез и Рафаел Леао креираа бура откако на синоќешниот натпревар против Лацио стоеа на страна за време на паузата за освежување, наместо со останатите фудбалери на Милан да ги слушаат советите на тренерот Пауло Фонсека.
„Росонерите“ потфрлија во првите две кола во новата сезона, и први жртви на лошите резултати беа Тео Ернандез и Рафаел Леао, кои беа седнати на клупа на синоќешното гостување кај Лацио.
Двајцата фудбалери потоа креираа бура, кога имаше пауза за освежување, наместо да пријдат до клупата заедно со останатите фудбалери и да ги слушаат советите на Пауло Фонсека, стоеа сами на другата страна од теренот.
Тео Ернандез даде објаснување за контроверзината слика и рече: „На теренот бевме едвај две минути, немавме потреба од пауза за освежување. Немаме ништо против тренерот и тимот, едноставно немавме потреба од таа пауза“.
„Луѓето зборувале и ќе зборуваат, но многу често работите што се кажуваат не се точни“.
„Рафа и јас сме секогаш тука да му помогнема на тимот, и тоа е најважно“.
Тео Ернандез и Рафаел Леао влегоа во игра во 70. минута од мечот и заедно со Абрахам комбинираа за голот со кој Милан изнедначи на 2-2, по што следуваше паузата за освежување.
„Нема никакви проблеми со Тео и Леао, не креираат никакви проблеми. Разговарав со нив изминативе денови, им го објаснив мојот избор и тие го прифатија. Не приметив каде стоea за време на паузата за освежување, но на теренот беа само две минути и не им требаше дополнителни совети од мене. Направија разлика кога влегоа во игра, па ајде да не креираме проблеми таму каде што ги нема“ – порача самиот Пауло Фонсека.