Распоред ЛШ: Миовски ќе почне во Париз, Елмас и Лајпциг против Атлетико, Динамо гостин во Минхен

by 24 фудбал
1 минути читање

Европската фудбалска федерација – УЕФА го одреди целосниот распоред на натпревари за главната фаза во Лигата на шампионите. Со зголемен број мечеви, секој клуб ќе игра по осум средби и тоа против различни противници, од 17 септември до 29 јануари ќе се игра лигашкиот дел од натпреварувањето.

Во првото коло на отворањето ќе се играат натпреварите меѓу Јувентус и ПСВ Ајндховен, како и Јанг Бојс против Астон Вила во терминот од 18:45 часот. Во вечерниот термин се игра супер-дерби меѓу Милан и Ливерпул на „Сан Сиро“. Исто така, Динамо Загреб на Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе се судри со Баерн во Минхен.

Од останатите македонски претставници Бојан Миовски со Жирона ќе гостува кај ПСЖ на вториот натпреварувачки ден (18 септември, 21:00 часот), а ден подоцна Елмас и Лајпциг гостуваат кај Атлетико Мадрид (21:00 часот). Во оваа рунда се игра и дерби дуел на „Етихад“ меѓу Сити и Интер, европскиот првак е домаќин на Штутгарт, Барселона ќе тргне против Монако…

  • Целосен распоред на натпревари во Лигата на шампионите:

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани