Во последните неколку недели силно се шпекулира за иднината на Марко Верати, Италијанецот е прва желба на Барселона за засилување на тимот ова лето.
Се споменува сума од 100 милиони евра, но ПСЖ не сака да го продаде фудбалерот од средниот ред.
Потоа се појавија гласини дека Марко Верати по секоја цена сака да направи трансфер на Камп Ноу, па е подготвен да штрајкува и да не се врати во Париз на подготовки за новата сезона.
Италијанецот конечно се огласи по шпекулациите, и во разговор со Газета дело Спорт вели дека би можел да остане на Паркот на Принцовите.
Но Марко Верати постави услов, побара во Париз да пристигнат шампионски засилувања.
„Нема потреба да заминам по секоја цена“ – вели Марко Верати.
„Но сега сакам да видам дали ПСЖ ќе донесе шампионски засилувања“.
„Доколку тоа се случи, со задоволство ќе останам. Секоја година велат дека ќе изградат голем тим, но еве ги гледаме резултатите“.
„Само ветувања не е доволно“.
„Доколку ПСЖ сега зборовите ги преточи во дела, со задоволство ќе останам“.