Федерико
Бернардески, 23 годишниот фудбалер од средниот ред на Фиорентина е мошне
интересен за неколку клубови во Европа, пред се’ на шампионот на Италија, и вицепрвак на Европа,
тимот на Јувентус.
Членот на репрезентацијата
на Италија на која не и се пишува добро на турнирот во Полска, каде настап има и
самиот Бернардески, даде мошне интересни одговори на прашања на „УЕФА“ која го
интервјуираше фудбалерот.
Бернардески
истакна дека легендата на Јувентус, Дел Пјеро му е голем идол заедно со Роберто
Баџо и Франческо Тоти, за сите нив истакна дека се големи легенди во фудбалот.
Во однос на
новото засилување за тимот од Торино, Патрик Шик, кој од Сампдорија пристигна
за 30 милиони евра, говорејќи на темата „Европски таленти“ во однос на
првенството во Полска, Бернардески го издвои следново:
„Има многу
квалитетни екипи на турнирот во Полска, тука воопшто не се сомневам, околу
фудбалерите би ги издвоил Саул Нигез и Марко Асенсио од Шпанија, тие ми се прв
избор во најдобрите, тука ќе го вметнам и Патрик Шик“ издвои Бернардески.
Десното
крило на Фиорентина речиси сигурно ќе си замине од клубот ова лето, неговата
вредност на трансфер пазарот изнесува 30 милиони евра (извор: трансфермаркет),
Федерико има важечки договор со својот тим до 2019. година.