Фудбалерите на Гент со втора минимална победа од 1-0 (0-0) го исфрлија Партизан од плеј-офот за пласман во Конференциската лига на УЕФА.
Српскиот тим допатува во Белгија со надеж да ја анулира негативата од еден гол која ја имаше од домашниот меч, меѓутоа не успеа во својата намера. Имаше Партизан свои шанси и на гостувањето, меѓутоа не им појде од рака да постигнат гол кој ќе го израмни двомечот.
Од друга страна, Гент беше трпелив и не ризикуваше, а тоа му се исплати во финишот. Победоносниот погодок во 88. минута го постигна Делорж Книпер, поставувајќи ги конечните 1-0.
Со овој резултат Гент дојде до 2-0 во двомечот и ќе игра во главната фаза на третото по ранг натпреварување на УЕФА, а Партизан остана со празни раце и ја заврши европската авантура.