Арсенал достави рекордна понуда, Венгер го добива првото засилување

by
1 минути читање

Клубот од Северен
Лондон е прилично тивок на трансфер пазарот до овој момент, но работите можат
да се променат во скоро време.

Медиумите од
Франција пренесуваат дека Арсенал доставил рекордна понуда вредна 50 милиони
евра за услугите на Александре Лаказет.

Радио Монте Карло
пренесува дека „Топчиите“ и Лион раговарале неколку часа, преговорите се во
напредна фаза и следната недела би можеле да пристигне официјална потврда.

Лекип додава дека
Арсен Венгер лично му се јавил на својот сонародник со цел да го убеди
Александре Лаказет да се пресели на Емирати Стадионот.

26 годишниот
Французин беше на добар пат да заврши во Атлетико Мадрид, но забраната за
трансфери на Атлетико Мадрид ги помати плановите, па Арсенал сега се обидува да
го искористи ваквиот развој на настаните.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани