Португалецот Кристијано Роналдо зборуваше за неговото евентуално напуштање на репрезентацијата.
Роналдо наскоро ќе наполни 40 години, но и понатаму игра репрезентативен фудбал, а според неговите изјави во медиумите сака да игра и на Мундијалот во 2026 година.
Во својата последна изјава, Роналдо најави каков би бил неговиот крај во репрезентацијата, а интересно е што како што веле не би кажал на никому.
„Навистина сум горд што имам можност да ја претставувам својата државаа и тоа е еден голем сон кој го остварив. Кога ќе ставам крај на кариерата во репрезентацијата никого нема да известам. Ќе се случи спомнтано, но добро смислено. Сега сум тука и спремен да помогнам на тимот да дојде до успеси“, изјави Роналдо.
Во кариерата во дресот на Португалија, Роналдо досега собра 212 натпревари и постигна 130 погодоци.