Флик од Барса побарал да му го донесат играчот кој цело лето е мета на Баерн

by bojan
1 минути читање
Флик

Неколку извори објавија дека Барселона опипала терен за ангажман на Џонатан Та од Баер Леверкузен, дефанзивецот цело лето е мета на Баерн Минхен.

„Каталонците“ мака мачат со финансиите и се уште не можат да го регистрираат Дани Олмо, но и покрај тоа продолжуваат да се поврзуваат со неколку засилувања.

Денеска прво се појавија гласини за вербален договор со Јувентус за трансфер на Федерико Киеза, кој наводно веќе го испразнил шкафчето во тренинг центарот на „старта дама“ и чека зелено светло за преселба во Барселона.

Попладнево пак неколку извори објавија дека Барса опипала терен за ангажман на Џонатан Та од Баер Леверкузен.

Тренерот Ханси Флик е тој кој побарал ангажман на дефанзивецот, помош дури е побарано и од агентот Пини Захави.

Баерн Минхен цело лето се обидува да го ангажира Џонатан Та, кој ја одработува последнгата година од договорот и има цена од околу 20-25 милиони евра.

Се верува дека Барселона ќе може да достави конкретен предлог, само доколку Ерик Гарсија биде продаден на Жирона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани