Хајдук повторно разочара и одигра нерешени 1-1 против Истра во Пула. Не „кликнаа“ работите веднаш и покрај огромната еуфорија со доведувањето на Џенаро Гатузо и Иван Ракитиќ во редовите на сплитските „били“. Напротив, веројатно е потребно време за воигрување, а можеби и очекувањата беа повисоки од реалноста.
По новиот натпревар на кој Хајдук не победи, тренерот Гатузо реши да упати критики.
„По пристигнувањето на Трамецани во Истра, тие играат агресивно. Променија некои работи за мечот против нас, но тоа го очекувавме. Истра е екипа која може да те казни од контри, тоа беше видливо. Имавме доста шанси, ама кога топката не влегува во голот – не може да се победи.
Кога тимот не креира доволно, проблем е што си заминуваш од натпреварот со прашалници. Кога создаваш и промашуваш, исто така не е лестно. Сепак, што може тренерот да направи кога неговите фудбалери промашуваат?“, посочи италијанскиот стратег.
Хајдук Сплит по четири рунди во ХНЛ е на половичен ефект, со две победи и две нерешени.