175
Фудбалерите на Брера Струмица претрпеа домашен пораз од Шкендија (0-2), во рамките на третото коло на ПМФЛ.
По првиот домашен неуспех својот став го сподели тренерот на струмичани Бојан Круљ. Тој нагласи дека пристапот бил добар, меѓутоа недостигала смиреност во завршницата.
„Мислам дека примивме два лесни гола. Пристапот на фудбалерите беше добар, имавме неколку шанси, но не бевме мирни во завршницата. Шкендија е квалитетна екипа и сакам да ѝ посакам сè најдобро во продолжението од сезоната. Нам ни преостанува да се подготвуваме за следниот предизвик во шампионатот против Струга“, изјави Круљ.
Струмичани по три кола имаат исто толку бодови, а тие ги освоија во првата рунда дома против Вардар