Еден обложувач од Англија беше многу блиску до добивка од неверојатни 1 милион фунти откако погоди точен резултат на пет натпревари и типувал дека Ливерпул со 3-0 ќе го совлада Брентфорд.
Малку фалеше животот на еден навивач да биде драстично променет и да стигне до една од најголемите исплати на обложувалниците.
Со помош на играта Супер 6 на Скај Спортс, тој беше многу блиску до добивка од неверојатни 1 милион фунти, и драматично ги доживеал последните 20 минути од натпреварот помеѓу Ливерпул и Брентфорд.
Скај Спортс одбира шест натпревари од Премиерлигата и навивачите прогнозираат точен резултат.
We were SO close to giving away the £1Million jackpot 💰😩
— Super 6 (@Super6) August 25, 2024
Next weekend's #Super6 round is now open! 📲
Let's try again to make a millionaire 🙏
Нвивачот, кој се вика Морис, погодил дека Манчестер Сити со 4-1 ќе го совлада Ипсвич, Тотнем со 4-0 ќе слави против Евертон, дека Вест Хем со 0-2 ќе го совлада Кристал Палас, дека Арсенал со 0-2 ќе триумфира кај Астон Вила и дека Борнмут и Њукасл ќе одиграат 1-1.
За последниот натпревар, прогнозирал победа на Ливерпул од 3-0 против Брентфорд.
Кога Салах во 70. минута ја затресе мрежата за водство на „црвените“ од 2-0, му фалеше само уште еден гол за добивка од неверојатни 1 милион фунти.
Избраниците на Слот имаа шанси за овој резултат, Гакпо во 81. минута ја затресе пречката.
Обложувалницата Моцарт за сите нови играчи нуди огромен бонус, регистрирај се ТУКА и добиј бонус до 400 евра.