Џенова го потврди новото засилување како пиво! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Џенова Потврди дека потпиша со Фабио Мирети на едногодишна позајмица од Јувентус, а на социјалните мрежи новото засилување го потврди на досетлив и интересен начин.

21-годишниот Мирети оваа сезона ќе игра во Џенова како позајмен играч од Јувентус. Се работи за чиста позајмица без право на откуп.

Она што е интересно е начинот на кој Џенова го претстави Мирети.

Италијанскиот клуб направи дизајн сличен на логото на познатото италијанско пиво Бира Морети.

Инспирирано од сличноста на имињата Мирети и Морети, Џенова го претстави фудбалерот како пиво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани