Голем број на извори пренесуваат дека Јувентус постигнал договор за ангажман на Нико Гонзалез од Фиорентина и Франсиско Консеисао од Порто.
„Старата дама“ продолжува да го крои составот за новата сезона, попладнево пристигна информации дека се договорени две засилувања за офанзивата.
По долги преговори, Јувентус и Фиорентина си подале рака за трансфер на Нико Гонзалез.
Се работи за зделка вредна околу 38 милиони евра, односно загарантирани 32 милиони евра, плус бонуси од околу 6 милиони евра. Одредени извори пишуваат дека вредноста на трансферот може да се искачи и до 39 милиони евра.
Јувентус исто така успешно ги финишираше и преговорите со Порто за ангажман на Франсиско Консеисао.
Се работи за позајмица за која ќе бидат платени 7 милиони евра, плус бонуси од 2-3 милиони евра во зависност од успехот на „старата дама“ и пласман во Лигата на шампиони.