167
Во последниот натпревар од денешната програма од второто коло во Ла Лига Виљареал со гол во 95. минута ја совлада Севиља со 1:2.
Одлично започна натпреварот за гостинскиот состав кога Џанума по само две минути го отвори резултатот. Но, многу брзо веќе во осмата минута се затресе и мрежата на Виљареал, меѓутоа тој погодок беше поништен поради недозволена позиција.
Севиља сепак успеа да дојде до израмнување во шестата минута од судиското продолжение на првото полувреме кога во листата на стрелци се запиша Лукебакио.
Ако во првиот дел видовме поништен гол на Севиља, сега таква ситуација имаше на спротивната страна. Сепак, гостинскиот состав стигна до победата со гол во 95. минута на Перез.