260
Фенербахче потврди дека Ферди Кадиоглу лета за Англија да го комплетира трансферот во Брајтон.
Турскиот клуб со ангажманот на Жозе Мурињо покажа високи амбиции, но преодниот рок не го прати таквиот впечаток.
Фудбалерот кој најмногу вреди во Фенербахче си оди од тимот и прави трансфер во Премиерлигата.
Станува збор за бекот Ферди Кадиоглу кој за сума од 30 милиони евра со вклучени бонуси ќе потпише за Брајтон.
Се работи за 24-годишен турски фудбалер за кој се интересираше и Јувентус, но Брајтон дојде до неговиот потпис.
Трансферот ќе биде комплетиран во текот на викендот.