107
Легендарниот Ешли Кол повторно ќе биде дел од англиската репрезентација, но сега како помошник на привремениот селектор Ли Карсли.
Ешли Кол кој има 107 настапи како фудбалер за Англија ќе ја има улогата на помошник на селекторот Карсли кој на клупата пристигна како привремено решение по заминувањето на Герет Саутгејт.
Покрај Кол во репрезентацијата ќе пристигне и уште еден ветеран, Џолеон Лескот.
Со Англија Кол настапи на три Светски првенства и две Европски, додека Лескот беше дел само од Европското првенство во 2012 година.
Прв предизвик за Англија во наредниот период ќе бидат натпреварите во Лигата на Нации каде што „Гордиот Албион“ е во група со Финска, Ирска и Грција.