„Марка“ тврди: Решена е ситуацијата во Валенсија – ова на Димитриевски најмалку му одговара!

by Стефан
1 минути читање

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски на крајот изгледа ќе остане во редовите на Валенсија и покрај тоа што и во наредната сезона во клубот ќе биде Грузиецот, Мамардашвили.

Ливерпул и Валенсија се пред договор за Мамардашвили, „црвените“ ќе платат сума од 35 милиони евра, но поради тоа што сега го имаат Алисон, грузискиот голман ќе остане на „Местаља“ на едногодишна позајмица.

Ова сценарио воопшто не оди во прилог на Димитриевски кој со останувањето на Мамардашвили би бил втор голман, како што беше случај и против Барселона во првото коло.

Исто така „Марка“ пренесува дека рокот за специјалната клазула според која Димитриевски можел да замине ако Мамардашвили остане истекол. Стануваше збор за клазула со кој македонскиот голман можел да го напушти клубот за три милиони евра, меѓутоа сега таа не важи.

Во текстот на „Марка“ се додава и дека Димитриевски веќе ја прифатил ситуација да остане во клубот и да се бори за своето место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани