137
Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи ја промовира замената за Ернест Ѓока. Албанскиот стручњак доби отказ по лошиот старт на сезоната.
Решението за клупата Шкупи го пронајде во својот „двор“, бидејќи клупата му е доверена на Матија Мирков кој досега беше тренер на голманите.
Освен Мирков, клубот од „Чаир“ се пофали со уште две нови имиња кои ќе работат како негови асистенти. Позвучно е без сомнеж името на Бобан Бабунски, легендата која како тренер работеше во Вардар, Пелистер, Победа, Работнички… Покрај Бабунски, втор асистент ќе биде Минас Османи.