Барселона ја прифати понудата на Спортинг за Роке, но Бразилецот има други планови!

by riste
1 минути читање

Витор Роке ќе остане во Шпанија и ќе игра на позајмица во Бетис, бразилскиот фудбалер одби да се пресели во Спортинг Лисабон иако двата клуба постигнаа договор за трансфер.

Барселона прифати понуда од Спортинг во висина од 20 милиони евра плус 12 милиони евра во бонуси, но трансферот нема да се реализира бидејќи Роке не сака да оди во португалскиот клуб.

Тој ја одбрал втората варијанта, едногодишна позајмица во Бетис.

Се работи за чиста позајмица, без опција за целосен откуп. Клубот од Севиља речиси во целост ќе ја плаќа платата на Роке.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани