Волкот не е изненаден од џепарошите кои ги најми Артета, откри што им направил Шпанецот додека бил играч

by bojan
2 минути читање
Артета

Тео Волкот не е изненаден од потегот на Микел Артеата да викне професионални џепароши на вечера со фудбалерите, и откри како се однесувал Шпанецот кога бил играч на Арсенал.

На почетокот од овој месец се појави интересна сторија, Микел Артета сакал да ги мотивира своите играчи дека треба да бидат внимателни и подготвени во секој момент, па викнал професионални џепароши на вечера со фудбалерите.

На крајот од вечерата, тој им порачал на своите фудбалери да си ги проверат џебовите и сите биле изненадени кога приметиле дека им фалат мобилни телефони, паричници, вредни часовници и клучеви од автомобилите.

Тео Волкот, кој делеше соблекувална со Микел Артета во Арсенал, вели дека не е изненаден од ова.

„Сите зборуваа за ова, нели? На момент заборавате на фудбалската страна на работите и зборувате за нешто сосема друго и несекојдневно“ – вели Тео Волкот.

„Тоа го прави Микел, ги тера луѓето да размислуваат на еден поинаков начин. Па луѓето сега цело време ќе бидат на штрек во таа соблекувална. Ова е само една обична вежба и сега сите ќе бидат максимално фокусирани и внимателни, не само на теренот, туки и во секојдневниот живот“.

Тој потоа сподели и една приказна од времето кога двајцата го носеа дресот на „топчиите“.

„Се мачевме со формата и заостанувавме во битката за местата во Лигата на шампиони. Па тој сите не затвори во соблекувална, не не пушташе да излезeме на терен. Потоа ни плесна некои работи во лице, ни ја кажа вистината која можеби не сакавме да ја слушнеме. Уште тогаш знаев дека ќе биде тренер. И не само тоа, на крајот обезбедивме топ четири пласман“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани