Првенец на Митровски во новата сезона, му даде гол на Хајдук на „Пољуд“! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Вараждин први дојдоа до погодок на гостувањето кај Хајдук во Сплит во рамките на третото коло на Хрватската прва лига.

Средбата во која можеа да се судрат дури четворица Македонци, од првата минута ја започна само Димитар Митровски. Младиот крилен фудбалер на Вараждин беше токму стрелецот на водечкиот погодок за својот тим.

Акцијата течеше по левата страна, Митровски одлично се проби во простор и остана осамен на пеналтикот, па откако доби одложена топка ја смести во мрежата за 0-1 по само осум минути игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани