ПСЖ попладнево официјално го потврди трансферот на Десире Дуе од Рен, „светците“ инвестираа 60 милиони евра за ангажман на 19 годишниот офанзивен фудбалер.
Десире Дуе важи за еден од најперспективните фудбалери во својата генерација, па ова лето неколку гиганти од Европа пројавија интерес за неговите услуги.
Баерн Минхен испрати неколку понуди, последната 55 милиони евра, но ПСЖ на крајот го украде фудбалерот.
„Светците“ денеска и официјално го потврдија трансферот на Десире Дуе од Рен во зделка вредна околу 60 милиони евра.
За шампионот на Франција ова беше уште една издвојувана битка на трансфер пазарот, откако претходно не го пуштија Чави Симонс во Баерн Минхен, и го оставија Холанѓанецот на нова позајмица во РБ Лајпциг.
France U21 international Désiré Doué has joined Paris Saint-Germain from Stade Rennais on a permanent transfer. The 19-year-old midfielder has signed a 5-year contract with the Club. 🔴🔵#WelcomeDoué https://t.co/bfqyTjC3Wo
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) August 17, 2024
Désiré Doué joins Paris Saint-Germain! ❤️💙#WelcomeDoué
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) August 17, 2024
pic.twitter.com/nkV26uP4BD