160
Пред почетокот на подготовките Ерик тен Хаг и Џејдон Санчо си подадоа рака и англискиот фудбалер беше вратен во првиот тим, но изненадувачки вчера не беше ниту на клупата за резерви.
По натпреварот Тен Хаг беше прашан зошто Санчо не беше во составот, а тој кажа повеќе изговори.
„Џејдон неделава имаше инфекција на увото и не беше 100 проценти фит“, вели Тен Хаг.
„Тој можеше да игра, но ние правиме избор. Тоа може да се промени“.
„Има одлуки и најподготвените преживуваат. Можам да ставам само 20 фудбалери во составот“.